Поранешената ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити, Милан…, легендарниот бразилскиот фудбалер Робињо е приведен доцна синоќа во Бразил како во својата земја би отслужил деветгодишна затворска казна по судската пресуда за силување од Италија во 2017 година.
40-годишниот Робињо го загуби случајот по долготрајните жалбени постапки за да остане слободен. Токму затоа синоќа е приведен од својот дом, откако и Судот во Бразил потврди дека мора да ја отслужи казната по пресудата од Италија.
Робињо во Италија беше осуден на девет години затвора поради учество во групен сексуален напад во 2013 година кога играше за Милан. Бразил не ги изречува своите државјани, поради што Италија побара да ја отслужи казната во неговата земја.
„Бразил не може и не смее да биде засолниште на криминалци. Затоа мора да ја отслужи казната“ – беше одлуката на бразилскиот суд, по барањето на Италија.
TANGKAP 🇧🇷
Robinho resmi ditangkap kepolisian Brasil pasca persidangan kasus rudapaksa di Italia putuskan hukuman penjara 9 tahun.
Eks Milan, Real Madrid dan ManCity akan ditahan dalam situasi rezim sel isolasi dalam penjagaan ketat. pic.twitter.com/LmD8a1GQ1j
— MEDIOCLUB (@medioclubID) March 22, 2024
Поранешниот бразилски репрезентативец неодамна во ТВ Интервју истакна дека виновен за неговата осуда е расизмот кој владее во Италија.
„Играв четири години во Италија, и знам како расизмот живее таму, кој постои и денес. Истите лица кои не прават ништо против расизмот се тие кои мене ме осудија“ – рече Робињо.
Робињо беше национална ѕвезда во Бразил во 2002 година кога на само 18 години го одведе Сантош до првиот национален наслов по ерата на Пеле. Две години подоцна го повтори истото.
Потоа играше за Реал и Манчестер сити, па се врати повторно во Сантош каде го освои бразилскиот куп и беше стандарден првотимец за Бразил на СП 2010. По Светскиот шампионат му се приклучи на Милан и ја освои Серија А таа година. По обвиненијата за силување во 2013 година повторно се врати во Сантош, а извесен период играше и во Кина и во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

