Легендарниот Ромарио итно хоспитализиран во болница

Легендарниот бразилски напаѓач Ромарио, светски првак од 1994 година и поранешен напаѓач на Барселона, итно е хоспитализиран во болница во Рио де Жанеиро, откако се пожалил на болки и нелагодност, пренесува „Мундо Депортиво“.

Иако минатата година имаше тешка операција по која му е отстранет жолчниот меур, сега во прашање бил проблем од друга природа. На Ромарио му била дијагностицирана инфекција на цревата, и во моментов неговата состојба е стабилна. Не е познато колку ќе се задржи во болница.

Ромарио во големата кариера играше за Барселона, ПСВ, Васко де Гама. Освои многу трофеи, а во 1994 година беше прогласен за најдобар играч на светот. Во 2010 година влезе во политички води и одбран е за пратеник во сојузната држава Рио де Жанеиро. Четири година подоцна избран е за сенатор, а мандатот го обновил во 2022 година. Се истакнува како борец за правата на децата со потешкотии во развој и придонес во спортското законодавство.

Се вчитува...