Легендарниот Шевченко ќе стане претседател на украинскиот фудбал

Еден од најуспешните украински и европски фудбалер, Андреј Шевченко е на пат да стане претседател на Фудбалската федерација на Украина, откако стана единствен кандидат на конкурсот, соопштуваат украинските медиуми.

Утрово имаше состанок на Работната група за верификација на кандидатите за претседател на федерацијата. Сите членови ја  изразија поддршката за Шевченко. Предметната испитна група ќе излезе со мислење дека кандидатурата ги исполнува условите, и потоа и официјално популарниот Шева ќе биде назначен за прв човек на украинскиот фудбал.

Шевченко беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година. Последен ангажман го имаше како тренер на Џенова во Серија „А“ во ноември 2021 година. Се поврзуваше со клупата на Милан, како и повторно да биде селектор на Украина, но сега ќе стане претседател на украинската фудбалска федерација.

Селекцијата на Украина беше еден од ривалите на Македонија на патот кон ЕП. Но, и тие не успеаја да обезбедат пласман на следното ЕВРО преку квалификациите, откако завршија трети во групата.

Се вчитува...