Екипата на Лајпциг е во потрага по нов тренер, а според „Билд“ изборот се стеснил на две имиња. Едното од нив е поранешниот шпански репрезентативец и актуелен тренер на Комо, Цеск Фабрегас. Шпанецот наводно се согласил за трансфер во Лајпциг, со оглед дека ќе има далеку поголеми примања од оние во Комо, но проблемот, како што пренесува „Билд“ бил во неговата сопруга Даниела Семан која не сакала да го напушти Комо.
Фабрегас во претходните недели беше поврзуван и со клупата на Баер Леверкузен, меѓутоа пропадна таа можност, па сега фаворит за клупата на „аспирините“ е Ерик тен Хаг.
Втор фаворит за клупата на Лајпциг е Оливер Гласнер од Кристал Палас. Тој пред неколку дена оствари историски успех, освојувајќи го ФА Купот со својот тим, и избори место во Европа. Наводно Гласнер не бил заинтересиран да ја напушти Премиерлигата.
Кој и да стигне во Лајпциг, ќе треба да одлучува за иднината на Елиф Елмас, кој по позајмицата во Торино и евентуално негово неоткопување од страна на италијанскиот тим, ќе значи дека ќе треба да се врати во Германија, и потоа новиот тренер да одлучи дали ќе го задржи или ќе има трансфер. За Елмас во моментов има интерес од Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

