Легендарниот Шпанец повторно ќе игра кошарка: Рики Рубио се враќа во клубот од детството

Легендарниот шпански кошаркар Рики Рубио прифати нов предизвик во кариерата и во новата сезона ќе биде дел од тимот од детството Хувентуд.

По турболентниот период шпанскиот плејмејкер одлучи да се врати во тимот за кој го забележа и дебитантскиот настап во сениорската кошарка и тоа како голем талент на само 14 годишна возраст.

Рубио настапуваше за Хувентуд од 2005 до 2009 година пред да се пресели во Барселона, а од каталонските редови и во НБА лигата каде настапуваше за Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.

Се вчитува...