Легендарниот Спанулис седнува на клупата на Монако

Монако експресно ќе го реши тренерското прашање по разделбата од Саша Обрадовиќ, а од неколкуте врвни стратези кои беа поврзувани со клупата на „кнезовите“ изборот на крајот паднал врз Василис Спанулис.

Легендарниот грчки кошаркар ја почна тренерската кариера како предводник на Перистери, во меѓувреме и стана селектор на грчката репрезентација, во текот на летото беше поврзуван со неколку евролигашки клубови, за сега конечно да добие шанса и како тренер да биде дел од елитното европско натпреварување.

Француските медиуми информираат дека преговорите се во завршна фаза, Спанулис ќе потпише договор до јуни 2026 година, а своето деби би требало да го има веќе задутре, на домашен терен против Асвел во Евролигата.

Монако има скор од 6-4 по првите десет рунди во Евролигата и 6-3 во францускиот шампионат.

Се вчитува...