Легендарниот Стив Манданда го одигра последниот меч во кариерата

Легендарниот француски голман Стив Манданда (40) ги одигра последните минути од кариерата, на местото најблиску до неговото срце. Тој стави точка на кариерата пред преполните трибини на неговиот „Велодром“.

Поголемиот дел од кариерата Манданда го помина во Олимпик Марсеј, вкупно 13 години во два мандати, а во саботата вечерта беше на другата страна, во дресот на Рен.

Натпреварот го почна од клупата, а тренерот на Рен, Хабиб Беј, кој и самиот е поранешен играч на Марсеј и добро ја знае врската помеѓу Манданда и навивачите, во судиското надополнување го стави во игра легендарниот голман. На „Велодром“ во истиот момент избувнаа емоции.

Манданда, со капитенската лента на раката, по влегувањето на теренот повеќе гледаше на трибините, отколку што ја следеше играта. Целиот „Велодром“ го скандираше неговото име.

Се вчитува...