Легендарниот Стив Манданда стави крај на кариерата

Легендарниот француски голман Стив Манданда (40) ја заврши својата професионална кариера, објавија француските медиуми.Претходната сезона што ја помина во Рен беше неговата последна во професионалната кариера.

Поранешниот француски репрезентативец потврди за француските медиуми дека „ги закачил ракавиците и копачките на клин“.

„Ми требаше малку време да прифатам дека е готово, бидејќи, вистина е, не е лесно, но да, завршив со мојата кариера. Имав многу време да размислам за сè, и за понудите што ги добив (Авр, Лориен, Генган, Брест, Монпелје), но ги одбив“, изјави Манданда.

Манданда се пензионира како голман со најмногу натпревари меѓу стативите на Олимпик Марсеј (613). Тој беше дел од „златната генерација“ на француската репрезентација која стана светски шампион во 2018 година, и е четвртиот играч од таа екипа што ја заврши кариерата – по Блејс Матуиди, Адил Рами и Рафаел Варан.

Се вчитува...