Еден од најлегендарните џудисти на сите времиња, Французинот, Теди Ринер на најдобар можен начин ја заврши својата богата кариера, откако денеска го освои златниот медал во категоријата до 100 килограми.
Ова за неверојатниот Ринер беше вкупно петти медал од олимписките игри, а четврти златен (има и една бронза од Токио 2021) и со тоа стана најдобриот џудист на сите времиња. Во финалето Ринер со ипон славеше над Кореецот Минјонг Ким.
Покрај петте медали од олимписките игри, Теди Ринер има и единаесет златни медали од Светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА