Лгендарниот германски фудбалер Томас Милер, кој се приклучи на Ванкувер Вајткепс во летото, ги откри своите планови за иднината. Германецот објави дека неговата канадска авантура ќе продолжи следната година, и дефинитивно ќе помине уште една сезона со Ванкувер Вајткепс.
Искусниот фудбалер го откри ова во интервју за германскиот „Кикер“:
„Тука ќе бидам и следната година“, изјави тој.
На 23 ноември рано наутро по македонско време, неговиот тим ќе игра против Лос Анџелес, а победникот ќе се квалификува во финалето на Западната конференција, каде што останува само уште еден чекор до големо финале во МЛС.
„Се преселив во нова лига и нова земја, и ако можам да ја освојам титулата уште по првата сезона, тоа би ме направило многу горд што ќе постигнал исклучително тимско достигнување“, рече Милер кој на 10 натпревари има девет голови и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

