Легендарниот Томаш Росицки поради проблеми со срцето заврши во болница

Легендарниот поранешен чешки фудбалер Томаш Росицки (44) минатата недела завршил во болница поради проблеми со срцето, објави Спарта Прага, клубот во кој работи Росицки како спортски директор.

„Нашиот спортски директор, Томаш Росицки, минатиот вторник неочекувано беше хоспитализиран на одделот за интензивна нега поради проблеми со срцето. Ниту Томас, ниту клубот нема да откриваат дополнителни детали. За среќа, операцијата не беше потребна. Томас, ја имаш нашата целосна поддршка. Сите мислиме на вас“, објави Спарта.

Не долго по таа објава се огласи и самиот Росицки.

„Како играч и спортски директор секогаш давав максимум од себе. Целосен ангажман, без двоумење. Но, оваа ситуација ми покажа дека треба подобро да се грижам за себе. Лошите животни навики, недостатокот на физичка активност и наследни предиспозиции, за жал, ме доведоа до ова. Добрата вест е што се очекува мое целосно закрепнување, иако моментално не сум во можност да ги извршувам тешките обврски на спортски директор. Ќе одржувам контакт со моите колеги бидејќи секогаш сме се однесувале тимски. Имаме јасна визија, стратегија и структурирани процеси. Момците ќе знаат како да го направат тоа“, вели Росицки.

Се вчитува...