Легендарниот Тоти ја отвори душата: Бев во депресија, почина татко ми, сопругата ме изневери

Познатиот поранешен италијански фудбалер Франческо Тоти откри неколку потресни детали од неговиот приватен живот. Шампионот на Светското првенство во 2006 година со Италија во Германија, кој целата своја кариера ја помина во Рома, беше во брак со Илари Блази 17 години.

Тој откри како дошло до разводот и кои биле причините.

„Поради коронавирусот го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што никогаш претходно не го направив, и ги најдов пораките. Веќе не можев да спијам, ништо не беше исто“, откри во една прилика Италијанецот за тамошните медиуми.

Со поранешната сопруга има тир деца: Кристијан, Изабел и Шанел. Блази, во меѓувреме, почна да се забавува со Германецот Бастијан Милер. 

„Мојата сопруга, кога ми беше најпотребна, ја немаше. Ми стигнуваа гласини: „Илари има некој друг“. Во реалноста имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле ова 20 години, а потоа почнав да добивам предупредувања од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш погледнав во нејзиниот телефон и видов порака од посредник помеѓу Илари и трето лице. На него пишуваше „се гледаме во хотелот“, објасни Тоти.

После тоа влегол во љубовна врска со Наоми Боки, а како што рекол никогаш не ја изневерил поранешната сопруга.

Се вчитува...