Легендарниот тренер на Челси, специјален гостин на Брера

Тимот на Брера попладнево ја пречекува Струга ТЛ во новата рунда од ПМФЛ, меч на кој струмичани имаат специјален гостин на трибините, поранешниот стратег на Челси, Аврам Грант.

Израелскиот стручњак имаше богата кариерата, а најзвучен дефинитивно му беше ангажманот во Челси во 2007 година, кога дојде на „Стемфорд бриџ“ на местото на Жозе Мурињо и стигна до финалето од ЛШ и од лига-купот на Англија.

„По иницијатива и лична покана на Зоран Балдовалиев, денес во Струмица е легендарниот Аврам Грант – поранешен селектор на Израел и поранешен тренер на Челзи.

Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и амбицијата што Зоки ги вложува во развојот на Брера Струмица. Да донесеш светско фудбалско име во нашиот град значи работа, почит и јасна цел – раст на клубот на сите нивоа.

Денес ќе го проследи и натпреварот против Струга – дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат максимумот.

Струмица денес дише фудбал.
А кога имаш луѓе со визија – границите не постојат’, објави Брера на својата страница на фејсбук.

Се вчитува...