Легендарниот тренер се врати од пензија на 75 години да предводи холандски тим

Легендарниот холандски тренер Дик Адвокат се врати од пензија на 75-годишна возраст и во продолжението од сезоната ќе го предводи холандскиот второлигаш Ден Хаг, пренесуваат тамошните медиуми.

Таму ќе го замени поранешниот напаѓач на Ливерпул. Дирк Кајт кој доби отказ по само пет месеци на чело на тимот, но го очекува тешка задача да го врати клубот во елитното фудбалско натпреварување во Холандија со оглед на тоа што е на 17. место на табелата.

Враќањето на Адвокат во Ден Хаг е и сентиментално со оглед на тоа што таму ја започна својата играчка кариера, но никогаш не го предводеше тимот.

 

Се вчитува...