Поранешниот славен НБА центар, Двајт Хауард на подкаст говореше за денешните најдобри центари во најсилното кошаркарско првенство, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.
Првиот пик на драфтот во 2004 година одбран од Орландо, а подоцна член и на ЛА Лејкерс, Хјустон, Атланта, Шарлот…, добро познат по одбраната, го откри својот рецепт за чување на еден од најдобрите кошаркари на денешницата Никола Јокиќ.
„Кошаркари како него треба постојано да ги притискаш, не смееш да им дозволиш да те напаѓаат тебе. Не би му дал да дише, ќе го терам на тешки обиди. Тој не скока многу високо што значи дека го користи своето тело како подлога. Чувствувам дека при чување на Јокиќ потребно е да му ја надминете неговата енерија на теренот. Ако мора да игра на жесток противвник кој е бескомпромисно активен на двата дела од теренот ќе се троши повеќе отколку што навикнал“, вели Хауард.
Јокиќ е тежок за чување поради напаѓачкиот „арсенал“; додека Џоел Ембид поради тоа што е исклучително добар глумец, смета Хауард.
„Џоел е неверојатно тешко да го чувате бидејќи знае да „флопува“. Одлично ја користи својата висина и сила, а и е добар „шутер“. Би морал да бидам побрз од него и да не наседнувам на мамките“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА