Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед Руд Ван Нистерлој, е пред „кам-бек“ на Олд Трафорд. Тој во новата сезона ќе треба да биде дел од стручниот штаб на Ерик тен Хаг, јавуваат англиските медиуми.
Ван Нистелрој во минатото го водеше младинскиот тим на ПСВ, а потоа беше тренер и на сениорската екипа.
Меѓутоа Холанѓанецот размислува дали да ја прифати понудата од Барнли за прв тренер, на местото на Винсент Компани кој замина во Баерн Минхен.
Ван Нистелрој беше дел од Јунајтед пет години, односно од 2001 до 2005 година за кого одигра преку 150 натпревари и постигна преку 100 голови. Потоа играше во Реал Мадрид, Хамбургер и Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА