Легендарниот англиски напаѓач Џејми Варди прифати нов предизвик во кариерата и во новата сезона ќе биде дел од италијанското првенство каде ќе настапува за Кремоненсе.
Триесетиосумгодишникот по 13 години поминати во Лестер со крајот на сезоната стави крај на една ера, а и покрај тоа што медиумите во Англија шпекулираа со заминување во пензија, голгетерот го прифати првиот интернационален предизвик во кариерата.
Договорот е веќе постигнат, Варди пристигнува во Серија А без обесштетување и ќе потпише едногодишен договор откако ќе ги помине медицинските прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

