Легендарниот Вујо во „Куќата на славните“ на Шпанија!

Легендарниот Веселин Вујовиќ, поранешниот тренер на Вардар и на македонската репрезентација, е еден од новите членови на „Куќата на славните“ во шпанската АСОБАЛ лига.

Вујовиќ заедно со Алберто Ентрериос, Кристина Фернандез Пинеиро, Лоренцо Рико и Валеро Ривера се дел од втората генерација кои добија заслужено место во „Куќата на славните“.

Петте спортисти беа избрани по процес на гласање од страна на навивачите, а потоа и врз основа на финална одлука од жири составено од специјалисти на „Куќата на славните“.

Новите членови им се придружија на Талант Дујшебаев, Енрик Масип, Хуанин Гарсија, Жота Хомбрадос, Хуан де Диос Роман, Рамон Гаљехо и Сесилио Алонсо, кои беа дел од првата генерација која најде место во „Куќата на славните“ во Шпанија.

Се вчитува...