Легендарниот Жоакин се врати во Бетис

Легендарниот шпански фудбалер Жоакин по две години се врати во Бетис, за кого одигра најмногу настапи во историјата на клубот (528). 44-годишниот Шпанец не се враќа како играч, туку ќе биде советник, и ќе го сочинува раководството на клубот.

Жоакин играше во Бетис од 2000 до 2006 година, и потоа од 2015 до 2023 година кога се реши да се пензионира. Со тимот освои два трофеи во Купот на Кралот.

Поранешниот капитен и сегашен акционер во исто време ќе биде и во одборот на директори на клубот. Одлуката треба да биде ратификувана на Собранието на клубот.

Се вчитува...