Легендарните Пирло и Гути во „трка“ за клупата на Бешикташ

Бешикташ остана без тренер откако раководството се реши да се раздели со сегашниот Серген Јалчин по слабите резултати оваа сезона. Истанбулските „црно-бели“ сега се во потрага по нов тренер, кој ќе се обиде да ја спаси оваа сезона.

Според информациите од Истанбул, за тренерското место на Бешикташ во „трка“ се легендарните фудбалери Андреа Пирло и Гути.

Гути е засега прв фаворит, затоа што беше дел од овој тим како играч, и подобро ги познава работите, отколку Пирло кој нема допирни точки со турскиот фудбал, а згора на тоа чека друг ангажман. Гути работеше и како асистент во Бешикташ во сезоната 2018/2019, а последен клуб му е Алмерија.

Пирло е без работа откако беше сменет од Јувентус кој го водеше минатата сезона. Се поврзуваше со многу тимови, но на крајот остана слободен.

Се вчитува...