Легендарно име на српскиот фудбал станува селектор на Црна Гора

Српскиот тренер Славиша Јокановиќ ќе биде назначен за нов селектор на Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми. Јокановиќ наводно одамна бил голема желба на актуелниот претседател на црногорскиот фудбал, Дејан Савичевиќ

Црногорците остана без селектор откако се одлучија да не му ја продолжат соработката со Миодраг Радуловиќ, чиј договор истече по завршувањето на квалификациите за ЕП. Црна Гора и натаму нема пласман на ЕП.

Јокановиќ наводно веќе имал разговори со Савичевиќ, успеале двете страни да се договорат, и договорот ќе биде официјализиран на почетокот на идната година.

Се вчитува...