ЕКИПА во Хаифа, Израел
Владимир Булатовиќ
За Израелците утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Хаифа е дополнително интересен и поради јубилејот на една од најголемите израелски фудбалски легенди, Јоси Бенајун.
37-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Челси, Арсенал… против македонската селекција очекува да го одбележи својот 100-ти настап во дресот на националниот тим. Јубилеј кој, како што вели, му е посебно значаен…
„Националниот дрес е посебна светост, затоа е задоволството поради јубилејот кој ме очекува“ – вели Бенајун, свесен, сепак, дека можеби и нема да го стартува натпреварот од првата минута.
„Знам дека помладите сега имаат предност, но секако очекува да добијам минутажа против Македонија. А, ако ја добијам ќе се потрудам и да го постигнам својот 25-ти гол во репрезентацијата. Како и да е, носам огромен мотив пред утрешниот натпревар кој сакам да го заокружиме со победа“.
Израелците денеска пристигнуваат во Хаифа, откако изминативе денови подготовките ги одработуваа во Тел Авив. Денеска за нив следат финалните подготовки пред утрешниот дуел на стадионот „Сами Офер“.
Селекторот Елиша Леви за пресметката со Македонија ќе смета и на неколку млади фудбалери, меѓу кои од првата минута шанса се очекува да добие Соломон Манор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА