Џанлука Престииани е најомразената личност во светот на фудбалот по скандалот на мечот Бенфика – Реал Мадрид, но младиот Аргентинец доби неочекуван сојузник.
Легендарниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт гласно застана во одбрана на фудбалерот на Бенфика порачувајќи дека вината треба да се бара кај Винисиус.
„Зошто цела Шпанија тргна да го жртвува Престијани? Ако тој почна со навредите ќе беше во ред, но на снимките јасно се гледа, Винисиус е тој што почна да навредува, а потоа тргна да плаче по судијата. Се жали на расизам, 90% од фудбалеите на Реал се црни, како може никој никогаш да нема проблем со расизам, а на Винисиус тоа му се случува редовно. Јасно е каде лежи проблемот“, порача Чилаверт.
Парагвајксата фудбалска легенда продолжи, уште пожестоко напаѓајќи го Килијан Мбапе кој му даде огромна поддршка на својот соиграч по инцидентот.
„И кој е најблиску до Винисиус, кој најцврсто од сите ја зазеде неговата страна? Килијан Мбапе. Тој е човек што имаше образ да излезе пред камери и да говори за вредности, а дома живее со травестит. Јас почитувам сечиј избор, но да говориш за морал, а да живеешш со травестит, тоа не е нормално. А случаите со Винисиус и со Мбапе само покажуваат како фудбалот е тргнат по погрешен пат штом вакви луѓе важат за ѕвезди кои треба да бидат пример на помладите“, истакнува Хозе Луис Чилаверт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

