Легендата кажа крај: Михал Јурецки ја заврши ракометната кариера

Ракометот денеска остана посиромашен за уште една своја легенда, откако Михал Јурецки објави дека ја завршува својата професионална кариера.

Големиот борец реши пред крајот на кариерата да се врати назад во Полска, беше член на Азоти Пулави, но откако повредата го спречи да се најде на терен во последните месеци тој реши да се збогува од ракометот.

„Game Over“, напиша Јурецки на својот фејсбук и инстаграм профил, со симболична фотографија од закачени патеки.

Тој во својата кариера освои бројни трофеи, но како најзначаен дефинитивно останува оној од Лигата на Шампионите со Киелце во 2016 година.

Се вчитува...