Долгогодишниот српски ракометар Петар Ненадиќ реши да ја заврши својата кариера, обелоденувајќи ја својата одлука со објава на инстаграм-профилот.
Извонредниот бек ја почна својата кариера во Црвена Звезда, а потоа настапуваше и за Алгесирас, Барселона, Сегед, Холстебро, Висла Плок, Берлин, Веспрем, ПСЖ и за Ал Калиџ од Саудиска Арабија, кој му беше и последен клуб во кариерата.
„Секое патување има свој почеток и крај. Јас на своето патување бев 21 година, дојде време да му кажам збогум на ракометот. Едно поглавје е затворено, друго почнува“, напиша Петар Ненадиќ.
Големиот ас 15 години настапуваше за селекцијата на Србија, за која одигра 78 натпревари и постигна 213 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА