Легендата кажа збогум: Стојанче Стоилов ја заврши кариерата, во иднина ќе има поинаква улога во Вардар

Легендарниот македонски репрезентативец Стојанче Стоилов и официјално стави крај на професионалната ракометна кариера, беше потврдено на денешната прес-конференција на „црвено-црните“ на која се говореше за промените во таборот на РК Вардар.

Стоилов ја мина целата своја кариера во црвено-црниот дрес и стана икона на РК Вардар, секогаш импресионирајќи со борбеноста и мотивираноста кога и да го облечеше црвено-црниот дрес. Честите повреди најпрвин придонесоа тој најпрвин да се повлече од репрезентацијата, а сега да каже и крај на целокупната играчка кариера.

Збогувањето од активното играње не значи и крај на вечната љубот меѓу Стоилов и Вардар, па големиот ас во новата сезона ќе биде член на стручниот штаб на „црвено-црните“, како десна рака на Недановски, но и координатор на младинските категории.

Се вчитува...