Поранешниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ, пронајден е претепан на крајбрежјето на Борнмут. Наодно се карал со две лица пред хотел, а Гаскоњ бил толку алкохолизиран што едвај зборувал.
„Дејли Мејл“ пишува дека екс играчот се карал со жена и маж, кои наводно се обиделе да го ограбат.
Еден сведок кој се обидел да му помогне, тврдел дека Гаскоњ бил многу пијан што не можел да изговори ниту една реченица, и бил физички и психички уништен.
Гаскоњ веќе долги времи има огромни проблеми со алкохолот и со дрогата, а низ кариерата беше познат по честите излегувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА