Легендата на Арсенал: „Халанд е кукавица“

Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2:2 на „Етихад“ во дербито од петтото коло на Премиер лигата, а натпреварот го одбележа чудна ситуација на крајот.

Сити успеа да поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветата минута. Сепак, Арсенал успеа да направи пресврт до крајот на првото полувреме. Најпрвин Рикардо Калафиори погоди во 22. минута, а потоа стоперот Габриел во првата минута од судиското надополнување.

Тимот од Лондон до крајот на првото полувреме остана со играч помалку, бидејќи Леандро Тросар доби втор жолт картон. Сити притисна во вториот дел, а успеа да израмни дури во осмата минута од судиското надополнување, кога погоди Џон Стоунс. Во таа прилика Халанд истрча по топката, а потоа намерно со топка го погоди во глава дефанзивецот на Арсенал, Габриел.

Тој не беше санкциониран, а сето тоа го прокоментира поранешниот играч на Арсенал, Јан Рајт кој го нарече Халанд „кукавица“.

„Халанд го удри Габриел кога овој беше свртен со грб. Тоа е потег на кукавица“, рече Рајт, кој пет години, од 1991 до 1996 година го носеше дресот на „топчиите“.

Се вчитува...