Бразилецот Еду, не е повеќе спортски директор на Арсенал. Пред четири дена тој си замина од тимот, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Нотингем Форест.
Англиските медиуми шпекулираат дека неговото место би можел да го заземе поранешниот чешки фудбалер Томаш Росицки. Росицки во моментов е спортски директор на Спарта Прага, но е подготвен да ја напушти позицијата и да се пресели во Лондон.
Росицки беше дел од Арсенал цели 10 години, од 2006 до 2016 година. Претходно пет сезони го носеше дресот на Борусија Дортмунд и на Спарга Прага. За Чешка има одиграно 105 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА