Лукас Храдечки по седум години поминати на голот на Баер Леверкузен заминува од германскиот будеслигаш и кариерата ќе ја продолжи во Монако, пренесуваат германските медиуми.
Трансферот на искусниот 36-годишен голман Монако ќе го чини околку четири милиони евра. Преговорите се веќе завршени и останува уште финскиот репрезентативец да ги помине медицинските прегледи и официјално да биде промовиран како нов член на клубот кој ова лето стигна и до потписите на Фати и Погба.
Храдечки кариерата ја започна во ТПС, а потоа настапуваше и за Есбјерг, Бронди и Ајнтрахт Франкфурт пред во 2018 година да премине во Баер Леверкузен со кој ја освои шампионската титула во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

