Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, а сега играч на италијанскиот тим Салернитана, доживеал сообраќајна несреќа, откако со автомобилот во кој бил совозач удрил во семафор.
Несреќата се случила во три часот по полноќ на 40 километри од Салерно, каде што живее поранешната ѕвезда на Баерн Минхен.
Рибери завршил во болница со повреди на главата, а клубот реши да му даде неколку слободни денови за успешно да се рехабилитира.
Французинот минатото лето како слободен фудбалер стигна во Салернитана, откако претходно му заврши договорот со Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА