Легендата на Барселона и Манчестер Сити: Мо Салах е најдобар фудбалер на светот

Поранешниот славен фудбалер Јаја Туре кој во богатата кариера настапуваше и за Барселона и Манчестер Сити, овојувајќи титули со шпанскиот и англискиот тим имаше интересен одговор на прашањето дали Мо Салах е најдобриот африкански фудбалер.

Според Туре, Египјанецот на Ливерпул не само што е најдобриот африкански фудбалер, туку заслужува да биде во разговорите за најдобар на светот со оглед на константноста која ја покажува на теренот.

„Без да покажам ни тронка непочит кон другите, но Салах заслужува да биде во разговорите за најдобар на светот. Луѓето говорат во константност, гледав како играчите стануваат преценети по само една сезона, но ова момче со години е констанатен, а луѓето се уште наоѓаат начин да говорат нешто друго за него“, изјави Туре.

Се вчитува...