Легендата на Челси го замени Џерард во Ренџерс?

Стивен Џерард официјално е нов тренер на Астон Вила, оставајќи го слободно тренеркото место во Ренџерс каде диригираше од клупата од 2018 година. Сега се јавува прашањето кој ќе биде негов наследник во Шкотска, а една од можните опции е и Џон Тери.

Легендата на Чесли и англискиот фудбал сеуште е во очекување на првата понуда за прв тренер, а интересно е тоа што последниот ангажман на 40-годишникот беше токму Астон Вила каде од 2018 година до оваа сезона беше помошник тренер.

Покрај Тери како опција се јавува и доскорешниот тренер на Елиф Елмас во Наполи, Џенаро Гатузо кој го загуби тренерското место кај неаполитанците во пресрет на новата сезона.

Се вчитува...