Легендата на Челси стана тренер на Дерби Каунти

Легендарниот фудбалер на Челси, Франк Лампард и офцијално ја почна тренерската кариера. Поранешниот англиски репрезентативец по завршувањето на играчката кариера влегува во тренерски води. Неговото тренерско деби ќе биде на клупата на Дерби Каунти со кој потпиша тригодишен договор.

Лампард беше еден од 20-те кандидати за тренерското место во Дерби Каунти кое остана слободно по разделбата со Гери Ровет на крајот на сезоната. Во клубот решија да му ја дадат довербата на 39-годишниот Лампард за кого веруваат дека ќе биде вистински избор.

Пред славниот фудбалер на почетокот на тренерската кариера стои голем предизвик да го внесе Дерби Каунти во Премиер лигата.

Во својата клупска историја, Дерби каунти два пати беше првак на Англија во далечните 70-ти (1972 и 1975), а има освоено и еден ФА Куп во 1946 година.

Се вчитува...