Ромелу Лукаку кој неодмана покажуваше голема љубов кон Интер е во преговори со Јувентус за премин во редовите на „старата дама“, потег кој навивачите и легендите на „нероаѕурите“ го категоризираа како големо предавство.
На листата на оние кои гласно го критикуваат белгискиот џин се приклучи и легендарниот Хавиер Занети, кој настапуваше за Интер од 1995 до 2014 година, а сега ја врши улогата на потпретседател на клубот.
„Со оглед на тоа што му го даде Интер очекував дека ќе се однесува како професионалец, како човек пред се. Нормално дека има право да замине таму, но можеше да ни каже што сака однапред. Никој не е поголем од клубот. Кога создаваш екипа мора да размислиш за тоа кого носиш во соблекувалната“, вели Занети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА