Легендата на југословенскиот фудбал е прв фаворит за селекторската позиција во Косово

Живата легенда на југословенскиот фудбал Блаж Слишковиќ е најсериозниот кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово.

Косово беше претпоследен во групата И од квалификациите за ЕВРО 2024, подобро само од Андора, а зад Романија, Швајцарија, Израел и Белорусија со две победи и три порази во десет натпревари.

Селекторската функција ја напушти Примож Глих, а босанските медиуми пренесуваат дека Слишковиќ би можел да го наследи. Популарниот „Бака“, кој во играчките денови го нарекуваа „Балкански Марадона“, последниот тренерски ангажман го имаше во сараевски Железничар кој го водеше само четири натпревари на крајот од сезоната 2020/2021.

Се вчитува...