Манчестер Јунајтед успеа да го одбрани домашниот терен од Ливерпул. Ретко кој предвидуваше победа на „црвените ѓаволи“ на дербито на 3. коло од Премиерлигата, но „црвените ѓаволи“ беа на врвот на својата задача. Одиграа одлично во одбраната, имаа и среќа да не примат два автогола, а одлично ги користеа и шансите во нападот.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин големата победата му ја препиша на Ерик тен Хаг кој направил одлична атмосфера во тимот пред мечот, а пресудила одлуката да ја седне на клупа ѕвездата на клубот, Кристијано Роналдо.
„Ова е голема победа на Ерик тен Хаг. Со потезите пред натпреварот, големата одлука да ги остави ѕвездите на клупа, а потоа и со големата победа во дербито продонесе за самодовербата на играчите, но и за атмосферата во целиот клуб. Тоа ќе се види на тренингот, сите ќе летаат. Овој триумф на Јунајтед му ја врати заборавената енергија, факторот кој долго време го немаше. Ова е голема победа за Јунајтед, но мора да се повтори за четири дена против Саутемптон“, смета Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

