Легендата на Ливерпул: Сакаме да им ги продолжите договорите на Ван Дајк и Салах!

Легендата на Ливерпул, Дирк Кајт упати порака до раководстовото на клубот да ги продолжи договорите на Мо Салах и Вирџил ван Дајк, фудбалерите кои ја одбележаа последната деценија на славниот англиски клуб.

Договорот на Египјанецот и Холанѓанецот завршуваат на крајот на сезоната, а засега не се водат конкретни преговори за продолжување на соработката што наиде на големо разочарување кај навивачите на Ливерпул.

„Вирџил го предводи тимот на неверојатен начин и истовремено игра на највиско ниво. Води сметка на своите игри и настапи, а тука е за другите и на теренот и надвор од него.

Не му беше лесно да се врати по тешка повреда, да ги истрпи критиките и да игра неверојатна сезона. Искрено, уживам во секој момент додека го глеам како игра. Наскоро ќе наполи 34 години, но сега играчите можат да играат подолго на високо ниво отколку во моето време. Исто е и со Салах кој во јуни ќе наполни 33. Сите кои го сакаат Ливерпул, сакаат тие да потпишат нови договори. Се што можам јас да кажам е дека се надевам дека што поскоро ќе добиеме сигнал дека тие ќе останат бидејќи и понатаму се меѓу најдобрите играчи на светот“, изјави легендата на клубот.

Се вчитува...