Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер остро го критикуваше неговиот поранешен тим по триумфот над Нотингем Форест.
Избраниците на Арни Слот до презначаен триумф стигнаа со гол во 97. минута што не му се допадна на Карагер.
Поранешниот фудбалер, а сега стручен коментатор упати критики кон ѕвездите во составот.
„Ова е навистина еден од најголемите грабежи кои ги видов во Премиерлигата оваа сезона“, изјави Карагер по што следеше критикувањето и пофалба кон младиот фудбалер Нгумоа.
„Рио Нгумоа влезе во 77. минута и во 15. минути направи повеќе отколку Гакпо и Салах во текот на целиот натпревар. Тој дечко го промени текот на играта. Сега мора да започнува натпревари. Толку е добар“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

