Легендата на Манчестер Јунајтед станува тренер во Чемпионшип дивизијата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик е на чекор до превземање на англискиот второлигаш Мидлсброу, пренесуваат англиските медиуми. Интересот за 41-годишникот доаѓа по сугестија на селекторот на „Гордиот албион“, Герет Саутгејт и за него тоа ќе биде прв ангажман како прв тренер.

По завршување на кариерата во „црвните ѓаволи“ со кои освои пет трофеи во Премиерлигата, Керик беше дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, но замина во претходниот декември по заминувањето на Оле Гунар Солскјер и пристигнувањето на Ралф Рангник.

Мидлсброу на почетокот на овој месец го отпушти тренерот Вајлдер по петте порази во првите 11 натпревари од сезоната и елиминацијата во Лига Купот. Во моментот негогашниот прволигаш се наоѓа на 22. место на табелата со вкупно 13 освоени бода.

Се вчитува...