Легендата на Реал Мадрид „распали“ по Винисиус: „Не си среќен? Заминувај!“

Легендарниот српски фудбалер и икона на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ упати остри критики кон ѕвездата на „кралскиот“ клуб Винисиус Џуниор кој не е задоволен како тренерот Чаби Алонсо раководи со тимот и одбива да го продолжи договорот барајќи повеќе од 20 милиони евра по сезона колку што му нудат Шпанците.

Незадоволеството на Бразилецот предизвика лавина на реакции во јавноста. Многумина застанаа на страната на фудбалерот кој е дел од мадридскиот гигант од 2018 година, но не и Мијатовиќ според кој ниту еден фудбалер не смее да постави ултиматум кон клубот и кој му порача да си замине.

„Реал Мадрид не смее да си допушти такво нешто. Ако не си среќен, заминувај, нема никаков проблем. Никој не те врзал тука“, изјави Мијатовиќ кој ја доведе во прашање и формата на Винисиус како оправдување за големите барања.

„Би ги разбрал неговите барања доколку постигнува по три голови на секој натпревар, но тоа не е ситуацијата“

Се вчитува...