Поранешниот легендарен фудбалер, а подоцна и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ упати жестоки критики кон „кралскиот“ клуб за вложувањето во младите фудбалери од својата школа.
Црногорецот вели дека со години Реал Мадрид ја запоставува својата младинска школа и време е тоа да се промени со Чаби Алонсо на чело на клубот.
„Имавме пракса да носиме засилувања од страна, без преголем напор да се потпреме на играчите од младите селекции и искрено мене лично тоа ми сметаше“, изјави Мијатовиќ кој се осврна и кон сензацијата Гонзало Гарсија.
„Гонзало за сега игра одлично. На секоја екипа и е потребна деветка која ги завршува акциите. А, тој е играч кој во моментот многу клубови бараат. Знаеш дека осум од десет ситуации ќе ги реши на вистинскиот начин. По долги години во кои Реал не успеа да направи некој играч од младинската школа вреден да остане во првиот тим. Со Чаби Алонсо е време тоа да се промени“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

