Легендата на Реал: Отказот на Чаби беше избрзан, Раул ќе беше подобар од Арбелоа

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Иван Елгера, проговори за отпуштањето на Чаби Алонсо од функцијата главен тренер на мадридскиот тим и назначувањето на Алваро Арбелоа.

Тој смета дека Раул би бил подобро решение од Арбелоа, и дека со неговото искуство повеќе ќе придонел отколку сегашниот предводник на „кралевите“.

„Тактички, особено дефанзивно, тие беа солидна екипа под водство на Алонсо. Мислам дека требаше да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите до февруари или март. Убеден сум дека ќе ги победеа Албасете и Бенфика. Одлуката за отпуштање на Чаби беше донесена премногу избрзано“, рече Елгера, и додаде:

Несфатливо ми е што не бараа некој со искуство во врвен клуб. Раул го водеше резервниот тим со години, но никогаш не беше промовиран. А, потоа доведоа млад човек кој никогаш не тренирал тим од највисоката лига, а покрај тоа, претрпе пораз од 4-1 од Кастиља истиот ден. Сето тоа изгледа како серија грешки и бесмислени одлуки. Според мене, отпуштањето на Чаби Алонсо беше неоправдано. Раул ќе се справише со оваа ситуација многу поефикасно. Тој беше капитен, ја разбира внатрешната динамика на клубот и има потребна личност за да го води овој проект. Арбелоа не е погоден за овие околности“, рече екс дефанзивецот на „кралевите“.

Се вчитува...