2026 година носи сериозен проблем за Реал Мадрид кој мора да го реши проблемот „Винисиус Џуниор“. Бразилецот влегува во последните 12 месеци од договорот со „кралскиот“ клуб, а и покрај тоа што активно се водат преговори за неговата иднина да остане на „Бернабеу“, истите засега не вродуваат плод.
Напаѓачот смета дека заслужува договор со кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона, а поранешниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Сантијаго Канизарес смета дека со настапите на теренот тоа не го заслужува.
„Платата за која се говори не одговара на тоа што Винисиус го прави на теренот, тоа што треба да биде на масата доколку го потпише новиот договор. Но, факт де дека неговата плата не одговара на платата на голем број на фудбалери на Реал Мадрид.
Тој му говори на својот агент да му врши притисок на клубот бидејќи неговиот договор е краток и наскоро ќе истече. Истотака, му кажал на клубот дека мора да ја плати оваа сума бидејќи ја освои Златната топка и беше клучен во освојувањето на Лигата на Шампиони“, изјави Канизарес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

