Легендата на Ренџерс не знае како да и каже на ќерката дека наскоро умира

Легендата на Глазгов Ренџерс и поранешен холандски репрезентативец Фернандо Риксен боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), нерводегенеративно пореметување во кое доаѓа до пропаѓање на нервните станици на мозокот.

Болеста му е дијагностицирана пред шест години, по што му е кажано дека има уште 18 месеци живот. Сепак тој се уште се бори за својот живот. Денеска има 40 килограми и се уште не се предава и се предава и се бори за својот живот. Благодарен е на лекарите и на сите што се грижат за него, но една работа го уништува, а тоа е дека не знае како да и објасни на својата ќерка, дека татко и ќе умре.

„Не смеам на Изабела да и раскажам што се случува, бидејќи не знам како ќе го поднесе тоа. Таа разбира дека татко и не може да говори, да оди, но мислам дека не сфаќа дека ќе умрам. Таа се уште прашува кога ќе се вратам дома и тоа е најболното нешто“, изјави Риксен.

Од истата болест почина и еден од најголемите умови на денешницата, физичарот Стивен Хокинг кој се бореше со болеста 22 години.

Се вчитува...