Легендата на Рома е убедена: Осимен ќе игра за Јувентус, тоа е готова работа

Легендата на Рома, Роберто Пруцо изјави дека бил информиран од сигурен извор дека Виктор Осимен летово ќе се пресели во Јувентус и ќе биде нов напаѓач на тимот.

Нигерискиот напаѓач се уште е во сопственост на Наполи , но моментално игра со Галатасарај откако минатата година побара да го напушти „Диего Армандо Марадона“ и влезе во конфликт со раководството, а по доаѓањето на Антонио Конте беше објавено дека тој не е дел од неговите планови за тимот.

Осимен повторно потпиша со Наполи во 2023 година, а во претстојното лето неговата откупна клаузула ќе се намали од 130 милиони евра на 75 милиони, сепак, Пруцо е уверен дека ќе биде дел од тимот на Јуве и следната сезона.

„Знам дека Осимен ќе биде следниот напаѓач на Јувентус. Ова ми го кажа сигурен извор близок до неговата опкружување. Тие се убедени дека тој ќе оди во Торино следната година“, рече Пруцо.

Се вчитува...