Поранешниот играч, а подоцна и тренер на Рома, Даниеле Де Роси постигна договор за целосно раскинување на договорот со „вочицата“, една година откако беше отпуштен од позицијата.
Но, досега тимот од Рим продолжи да му исплаќа плата, со оглед дека имаше договор до 2027 година, а двете страни досега не постигнаа договор за неговот целосно раскинување.
Сега елитните италијански медиуми тврдат дека Де Роси ќе прекине секаков однос со Рома, и со тоа ќе му заштеди на клубот 4 милиони евра. Главната причина е тоа што италијанскиот тренер се споменува како можен нов кандидат за тимовите на Торино и на Монца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

