Легендата на Сао Паоло го замени Креспо на тренерската клупа

Екс голманот на Сао Паоло, легендарниот Рожерио Сени, е назначен за тренер на клубот. Голманот кој одлично ги изведуваше и слободните удари и пеналите, беше назначен на местото на Хернан Креспо, кој доби отказ вчера.

По 25. меча, Сао Паоло е на 13. позиција во бразилскиот шампионат.

Сени инаку беше на чело на клубот во 2017 година. Сега стави потпис на договор до 2022 година.

Сени во минатото работеше во Фламенго, Крузеиро и Форталеза. Голманот мина во тимот 22 години, од 1993 до 2015, при што забележа преку 900 настапи за екипата и постигна над 100 гола.

Се вчитува...