Легендата на словенечкиот фудбал замина во пензија поради семејна трагедија

Поранешниот репрезентативец на Словенија, Кевин Кампл се збогуваше со навивачите и замина во пензија на натпреварот помеѓу неговиот Лајпциг и Баерн Минхен.

Причина за овој потег на 35-годишникот е семејна трагедија и неговата желба во целост да и се посвети на фамилијата.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите на осум и пол прекрасни години кои ги поминав тука. Направивте ова да биде мојот дом. Моето семјество и јас се чувстувавме многу пријатно тука од првиот ден. Ова беше мојот дом“, изјави Кампл пред полниот стадион.

Кампл беше дел од Лајпциг од 2017 година и низ годините стана една од највлијателните личности во клубот настапувајќи на 238 натпревари.

Се вчитува...