Легендарниот германски голман Јенс Леман, кој во својата кариера настапуваше за Арсенал, и тоа во оној тим кој стана „бесмртен“, односно заврши без пораз во Премиерлигата, ги коментираше случувањата во Арсенал.
Тој рече дека не е сигурен дека сегашниот менаџер Микел Артета е вистинскиот избор за „топчиите“.
„Артета направи многу добра работа. Го подигна Арсенал, но дали е тој вистински за тимот… Не сум сигурен, треба да се докаже со трофеи. Можеше тимот двапати да ја освои Премиерлигата. Минатата сезона трофејот беше испуштен во рок од еден месец. Врвот беше кога Сака промаши пенал при поразот од Вест Хем, и тимот освои еден бод. Лушето кои ангажираат тренери понекогаш не сфаќаат дека многу важен сегмент е и неговата личност. Дали е тој роден победник, или само добар човек, добар тренер до одредено ниво, и после е готово“, рече екс германскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА